Loading Video...
Ракомет
14. May 2018 - 10:27

Мала утеха за вардарки: Лекиќ и Лејно во „трите ѕвезди“ на Ф4

Ракометарките на Вардар по втор пат во низа несреќно го загубија финалето во Лигата на шампионките. Поразот од Ѓер е дотолку поболеш бидејќи како и лани и годинава, црвено-црните беа поразени повторно по продолженијата. 

Мала утеха за вардарки се личните признанија кои ги добија голманката Амандин Лејно и левиот бек Лекиќ. 

 
Лејно која беше прогласена за МВП за завршниот турнир, заедно со Лекиќ и  Нике Грот од Ѓер се во изборот „три ѕвезди“ кои го одбележаа фајнал-форот. 
 
Француската голманка со своите интервенции заслужи место и во „топ 5-те“ одбрани, а Лекиќ пак го има најубавиот гол на турнирот, додека голт на Барбара Лазовиќ го освои  третото место.