Македонија
4. јуни 2017 - 16:40

Мала помош која го менува животот - Кучињата придружници заслужуваат отворени врати

Кучето Блек е дресиран да им помага на лица со посебни потреби. Денеска е во дружба на деветгодишниот Јане Велковски, кој поради мускулна атрофија е во инвалидска количка. Овој третоодделенец веќе два месеци го посетува центарот за обука на вакви кучиња што е отворен во Стајковски. Кога Јане кивна, Блек знаеше што треба да направи.

Блек е само едно од многуте кучиња во школата за обука на Тони Стојчевски. Тој 30 години живеел во Швајцарија и од искуството во западниот свет, решил и во Македонија да има вакви кучиња кои ќе им помагаат не само на лица во инвалидски колички.

Тони вели дека се дресирани и знаат кај дијабетичари да осетат кога има паѓање или зголемување на шеќерот. Го чутствувале предвреме и нападот кај епилептичари.

-Тие се многу од помош и се еден вид како асистенти, оној во инвалидска можат да отвораат врата, затвораат знаат многу наредби и се неопходни и за други заболувања. Кај деца со аутизам се поакжаа како многу добри, вели Тони Стојчевски, сопственик и дресер на Сервис Дог

Тони има одлична соработка и комуникација со малиот Јане и му ја поклонил Бела. Таа ќе биде дресирана да му помага.

-Па ја сакам затоа што таа е моја, си играм со неа и ке ми помага, вели Јане Велковски од Скопје.

Малата Бела сака постојано да трча со Блек...но како што вели Тони треба да помине време за да ги знае неговите вештини.

 –Бела ќе треба да научи околу 200 наредби за да му биде од помош на јане. Не само да му го носи телефонот кога ќе му звони, навечер да го покрива доколку му е ладно или да му донесе вода доколку му се пие.   

Тони вели дека засега има околу 10 дечиња кои доаѓаат во неговиот центар. Очекува во иднина соработка со надлежните институции и нивна помош за отворање на повеќе вакви центри.

Потребно е многу вакво тренирање и многу часови за обука на вакво куче, вели Тони.

За почеток вели дека ќе биде доволно да им биде дозволено на лицата кои имаат потреба, со вакви кучиња да одат во трговски центри, продавници и ресторани.