-->
-->
Мал застој во гласањето на едно избирачко место во Кавадарци
-->
Мал застој во гласањето имало денеска на едно избирачко место во Кавадарци.
- Постар брачен пар отишол да гласа. Откако регуларно си изгласал за себе, мажот ги земал и двете ливчиња на сопругата. На едното дури и заокружил место неа. Од страна на избирачкиот одбор му биле одземени тие две ливчиња и интервенирала полицијата. По мал застој гласањето продолжило, информира Зоран Костов, претседател на Изборна комисија Кавадарци.
Тој истакна дека на сите останати избирачки места гласањето се одвива без проблеми.
До 13 часот во Кавадарци излезноста е 34,7 отсто, Неготино 35,52, Демир Капија 47,53, а Росоман 27,3 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени