Живот
24. September 2016 - 9:31

Мал херој: Детенце три дена талкало изгубено низ шума, во џебот имало само…

Тригодишно дете е најдено по 72 часа од прогласување за изгубено во шума во изолиран дел од Сибирот.

Како што пренесуваат руските медиуми, детето во својот џеб имало само неколку коцки чоколадо, спиело на купишта суви лисја, а локалните власти прогнозирале дека имало мала шанса да преживее.

Во потрагата по детето биле вклучени повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи го и руското Министерство за вонредни ситуации.

За да се осигураат дека не станува збор за киднапирање, полицијата прво извршила рација на 63 куќи во селото Кут, а детето е најдено во шума оддалечена 3 километри од тоа село.