Максималната температура утре до 36 степени, за викенд пониски дневни температури
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Во крајните источни делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.
И утрешниот ден се очекува да биде сончев со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Уве индексот ќе биде осум.
Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност ќе биде и во главниот град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови ни претстојат пониски дневни температури, а во понеделник се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.
-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер утре и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени. Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на краткотраен локален дожд.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп