Македонија
26. October 2021 - 14:43

Максим Димитриевски: Индустриските капацитети се важни за развојот на стопанството и економијата

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска беше во посета на производствен погон Шмеки во Куманово, каде разговараше со вработените и оствари средба со
менаџментот на оваа компанија.

„Индустриските капацитети се важни за развојот на стопанството, за развој на економијата и подобрувањето на квалитетот на живот на кумановци. Во следниот мандат, граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има за цел изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети, со што ќе се создаде можност за отворање на нови работни места за млади и стручни кадри,  јакнејќи го домашното стопанство“, рече Димитриевски.

Во сегментот на локален економски развој предвидено е организирање на бизнис форуми со национални и меѓународни компании, со цел промоција, размена на искуства и поттикнување за инвестирање.

Во наредните четири години, ќе вложуваме во изградба на инфраструктураво индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА, односно финансиските средства, кои што ќе се соберат од продажба на земјиште и уплатени комуналии, ќе се пренасочат во изградба на инфраструктура во зоната.