Loading Video...
Ф1
28. July 2019 - 17:50

Макс Верстапен победник на германското Гранд-при

Макс Верстапен е победник на 11-тата трка во Формула 1 шампионатот, што се возеше денеска па патеката Хокенхајм-ринг за Големата награда на Германија.   
 
Во неизвесна трка, возачот на Ред Буд до својот втор триумф сезонава, а вкупно седми во кариерата, стигна пред Себастијан Фетел од Ферари, иако Германецот стартуваше од последната позиција.
 
Место на пиедесталот обезбеди и трето пласираниот Данил Квијат од екипата на Торо Росо
 
Големо разочарување за симпатизерите на Мерцедес, бидејќи останаа без бодови. Хамилтон финишираше како 12-ти, а Валтери Ботас не ја заврши трката .
 
Сепак во Генералниот поредок и натаму овие двајца се на првите две места и тоа Хамилтон со 223 или 39 бодови повеќе од Ботас кој е второ пласиран. 
 
Следната трка и тоа унгарското Гранд-при на програмата е на 4 август.