Loading Video...
Ф1
30. јуни 2019 - 19:00
Макс Ферстапен победик за Големата награда на Австрија
Макс Ферстапен е победик на трката за Големата награда на Австрија, деветтата трка во календарот на Формула 1 шампионат
Во интересна трка возачот на Ред Бул, на три круга пред крајот го мина до тогаш лидерот Шарл Леклер од Ферари, со што стигна до својата прва победа сезонава, а вкупно шеста во кариерата
Место на подиумот обезбеди и Валтери Ботас, од Мерцедес, додека по водечката тројка завршија Фетел и Хамилтон.
Британецот Хамилтон и натаму е лидер во генералниот поредок сега со 187 бодови, односно 36 повеќе од Ботас и 76 од Фетел. Денешниот победник Ферстапен е четврти со точно 100 бода.
Следната трка е за две недели односно на 14 јули кога во Силверстон ќе се вози британското Гранд-при
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->