Македонија
22. September 2018 - 16:07

Макрон со порака: Верувам во мудроста на граѓаните, јас сум за договорот

Францускиот престедател, во пресрет на референдумот,  им порача на македонските грагани дека тој силно го поддржува договорот со Грција кој, како што вели,  ќе овозможи  напредок и иднина за земјата. Тој изрази верба дека граганите  ќе бидат мудри во одлуката.

Јас не можам да се ставам на Вашето место зашто вие гласате независно во оваа политичка дебата која е важна за земјата.

Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка.

Да станете Северна Македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За Вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас, порача претседателот на Франција

Макрон  вели дека е запознат со критиките и полемиките кои се водат околу договорот. Свестен е дека не се сите задоволни од  постигнатото, но според него клучно е дека со оваа спогодба се отвара патот за иднината на малдите генерации

Видео пораката на францускиот престедател доага по силната поддршка од  бројни странски државници и високи функционери мегу кои Ангела Меркел, Тереза Меј, Мајк Пенс и  Џејмс Матис.