Макрон: Со Бајден САД се вратија како кооперативен лидер на слободниот свет
Францускиот претседател Еманеул Макрон денеска на маргините од самиот Г7 во Корнвол, во Англија, изјави дека САД се вратија како кооперативен лидер на слободниот свет, илустрирајќи го олеснувањето што многу американски сојузници го почувствуваа по периодот на владеење на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Џо Бајден на средбата со Макрон, запрашан од соговорникот дали САД се вратија, се свртел кон францускиот претседател и кажал дека тој самиот треба да одговори на тоа прашање.
-Да, дефинитивно, рече Макрон. „Одлично е да се има американски претседател кој е дел од клубот и е многу подготвен да соработува“, додаде францускиот претседател. „Тоа што вие го покажувате е лидерството во партнерството“.
Зборовите на Макрон се слични на оние што вчера ги изговори британскиот премиер Борис Џонсон, кој потенцира дека „Бајден е голем здив на свеж воздух“.
Ниту Макрон, ниту Џонсон не подвлекоа директна паралела меѓу Бајден и Трамп, но и двајцата го пофалија соработничкиот тон на Бајден, а официјалните лица рекоа дека има олеснување откако Трамп знаеше да шокира многу европски сојузници.
Бајден се согласи и рече дека „САД, како што веќе кажав, се вратија, ние се вративме“.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор