Свет
19. October 2017 - 16:39

Макрон: Самитот на ЕУ ќе упати порака на единство

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека средбата на Европскиот совет, која почнува денеска, ќе биде обележана со порака на единство за Европската унија.

- Ќе имаме единство во преговорите за Брегзит, бидејќи сите сме обединети по тоа прашање, околу кои се нашите интереси и нашите амбиции, изјави Макрон при пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Макрон воедно ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија да гарантира строго почитување на иранскиот нуклеарен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување од договорот, откако го обвини Иран дека не ги почитува своите обврски.