Свет
6. September 2018 - 9:54

Макрон сака да формира коалиција од прогресивни сили за европските избори

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да формира коалиција од прогресивни сили за следните европски парламентарни избори, закажани за мај следната година.

- Идејата е да се состави коалиција која ќе ги обедини прогресивните околу заедничка платформа, која ќе биде вон добро структурираните политички семејства, изјави извор од Кабинетот на Макрон.

Целта е да се запрат антимигрантските националисти, додаде истиот извор.

Изборите ќе се одржат од 23 до 26 мај 2019 година. Кампањата ќе почне на почетокот од наредната година, што значи дека коалицијата, што сака да ја создаде Макрон, најверојатно ќе биде составена во декември или јануари.