Свет
6. August 2020 - 13:36

Макрон пристигна во Бејрут: Либан ќе страда ако не се реформира

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Бејрут, каде што изјави дека Либан се соочува со политичка и економска криза и предупреди дека земјата ќе продолжи да страда ако не спроведе реформи.

Макрон пристигна во официјална посета на Бејрут за да изрази поддршка на Либан по експлозијата што се случи во вторникот, во која загинаа најмалку 135 лица, а повредени се околу 5.000.

По пристигнувањето, тој беше пречекан од либанскиот претседател Мишел Аун.

Макрон веднаш по експлозијата разговараше со либанскиот претседател.

Тој нареди испраќање француски сили за помош на Либан, со кој Франција има длабоки историски врски.