Свет
19. May 2017 - 20:21

Макрон: Операцијата во Сахел ќе трае се до истребување на екстремистите

Француската воена операција во северноафриканскиот регион Сахел ќе трае до истребување на екстремистите, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Операцијата Баркан“ ќе биде запрена дури кога во регионот веќе нема да има било каков исламистички тероризам, рече Макрон пред новинарите во текот на посетата на француските војници стационирани во Мали, пренесоа британските медиуми.

Макрон, исто така, изјави дека за регионалната безбедност вчера телефони разговарал и со алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика.