-->
-->
Макрон: Неопходен е дијалог со Москва, без отстапувања од вредностите
-->
Дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа, но тој мора да биде „напорен“ за да не „отстапиме од нашите вредности“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
„Станува збор за тежок дијалог затоа што не отстапуваме од нашите вредности, ниту од нашите интереси“, рече Макрон по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел.
Лидерите на Европската унија вечерва на самитот ќе разговараат за односите со Русија и форматот на дијалогот што треба да се води со рускиот претседател Владимир Путин.
Германската канцеларка Ангела Меркел претходно денеска изјави дека Европската унија треба да воспостави „директен контакт“ со Русија и рускиот претседател и да „создаде механизми“ за „заеднички одговор на провокациите и хибридните напади“ од Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација