Македонија
15. February 2020 - 16:39

Макрон ја врати надежта за отворање преговори

Ако Макеоднија и Албанија добијат позитивен извештај од Европската Комисија во март, Франција ќе ја крене рампата за старт на преговорите. Оптимизам за деблокада на интеграциите донесе денешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дадена во Минхен.

-Го очекуваме извештајот во март. Во зависност од тоа дали резултатите се позитивни ,каков прогрес направиле државите и дали е воспоставена доверба, ние ќе бидеме во состојба да ги почнеме преговорите, изјави Макрон на конференцијата во Минхен.

До март се очекува и конечен став на Франција за новата методологија за преговори која по францускиот нон пејпр ја предложи Европската Комисија. Оваа методологија треба да даде одговор на барањето на Франција за појасни критѕериуми во преговорите и можност за реверзибилност.

И денеска од Минхен Макрон повтори дека сегапшните услови за преговори се премногу технократски и не транспарентни ид ека очекува да се сменат.

Шефот на макеоднската дипломатија кој исто така е во Минхен за безбедносната конференција, уиште еднаш порача дека Европската Унија мора да го признае напредокот на земјава ако сака да биде позитивна сила кој поттикнува политика на компромис и стимулира реформски влади.

Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен.”, порача Димитров од Минхен.