Макрон ја ангажира армијата во борба против коронавирусот
Францускиот претседател Емануел Макрон го најави почетокот на воената „Операција отпорност“ (Résilience) поврзана со коронавирусот.
Како што се приближува врвот на новата епидемија на коронавирусот во Франција, вооружените сили ќе се мобилизираат за да им помогнат на населението и службите да се справат со епидемијата. Операцијата не е поврзана со антитерористичката операција Сентинел, јавија француски медиуми.
– Според новата воена операција, бродовите што носат хеликоптери ќе бидат распоредени за да им помогнат на француските прекуокеански територии, изјави францускиот претседател.
– Единството и храброста ќе ни овозможат да победиме. Ние сме само на почетокот, но ќе издржиме, истакна тој, повторувајќи неколку пати дека државата е „во војна“.
Францускиот шеф на државата ја даде изјавата синоќа, откако посети воена болница поставена оваа недела во областа Мјулуз за да го намали товарот на болниците во регионот, преплавен од пациенти со Ковид-19.
Најмалку пет француски лекари се жртви на новиот коронавирус.
Емануел Макрон додаде дека ќе организира состанок на синдикатите и работодавачите „за да се организира работата и да се обезбеди подобра здравствена заштита“ за вработените на работа.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море