Макрон испрати писмо до Курти: Бара укинување на таксите со Србија, подготвен да посредува
Францускиот претседател Емануел Макрон упати писмо до косовскиот премиер Албин Курти во кое му честита за изборот на функцијата и притоа бара укинување на таксите на српските производи за да се овозможи продолжување на дијалогот, пренесува „Газета експрес“.
„Првиот чекор треба да биде продолжување на дијалогот, за кој сум подготвен да посредувам, преку организирање самит во Париз, наскоро, со лидерите на Косово и Србија, во соработка со канцеларката (Ангела) Меркел и високиот претставник на ЕУ, (Жозеп) Борел“, напиша Макрон во писмото што француската амбасадорка во Приштина Марин Кристин Бутел му го предала на Курти.
Макрон пишува дека продолжувањето на дијалогот подразбира акции од двете страни.
„Суспендирање на сто процентната такса од страна на Косово и прекинување на кампањата против признавање на Косово од страна на Србија“, напиша францускиот претседател.
Писмо до новоизбраниот косовски премиер Курти вчера испрати и американскиот државен секретар Мајк Помпео во кое исто така му честита за формирањето влада, но и посочува дека укинувањето на таксите на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина треба да биде приоритет.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот