Макрон ги отфрли тврдењата на Асад дека Франција го поддржува тероризмот во Сирија
Францускиот претседател Емануел Макрон ги отфрли обвинувањата на сирискиот претседател Башар ал Асад дека Франција поддржува тероризам во Сирија.
По состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Макрон рече дека изјавите на Асад се неприфатливи, бидејќи приоритет на Франција е борба против ИД.
- Од самиот почеток, ние сме конзистентни во борбата против непријателот, Исламска држава, и затоа овие тврдења се неприфатливи, истакна Макрон.
Францускиот претседател реагираше на коментарите на Асад дадени претходните денови дека Франција нема право да учествува во сирискиот мировен процес, бидејќи од самиот почеток го поддржува тероризмот во Сирија. Асад ја имаше предвид поддршката на Париз за бунтовниците кои се бореа за негово соборување, а кои за сириската влада претставуваа терористи.
Според Макрон, учеството на Асад во мировниот процес не може да се игнорира откако Исламската држава е поразена во Сирија.
- Сметам дека не е можно да се создаде траен мир и да се најде политичко решение без Сирија и Сиријците, како и да се игнорира учеството на Асад, нагласи францускиот претседател.
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО