Макрон ги исфрли израелските полицајци од француската црква „Света Ана“ во Ерусалим
Забележливо лутиот Макрон побара од полицајците да ги почитуваат правилата.
- Сите совршено добро ги знаеме правилата. Не ми се допаѓа тоа што го направивте пред мене. Излезете надвор, рече Макрон, но остана нејасно што ја предизвика неговата остра реакција.
На фотографиите се гледа како Макрон им се обраќа на припадниците на израелската полиција со зборовите дека одлично ја завршиле својата работа во градот и ги замолува да ги почитуваат правилата што постојат со векови, па француските медиуми претпоставуваат дека влегувањето на израелските сили за безбедност во храмот е причина за неговото протестирање.
Сличен инцидент се случил и во 1996 година кога тогашниот француски претседател Жак Ширак побарал од изралеските сили за безбедност кои носеле оружје да излезат од црквата „Света Ана“.
Макрон во Ерусалим учествува на петтиот Светски форум за Холокаустот, што се одржува денеска и утре.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно