Макрон: Државата заборави на најсиромашните и со тоа придонесе за радикализација
Претседателот на Франција. Емануел Макрон изјави дека француската држава придонела кон проблемот со тероризмот со тоа што ги занемарила најсиромашните градски населби во кои честопати живеат припадници на мигрантските заедници, како и со своите „понекогаш авторитарни“ мерки за борба против тероризмот.
Макрон најави инвестициски план од една милијарда евра за развој на приградските населби, кои станаа синоним за урбана сиромаштија, криминал и тероризам.
- Државата се откажа од својата одговорност за сиромашните населби, и во празнината што ја оставивме влегоа радикалните проповедници, изјави Макрон.
Францускиот претседател додаде дека Националното собрание подготвило 15-на мерки за спречување на натамошното радикализирање на муслиманската зедница.
Франција, како што јави МИА, неодамна усвои строг нов закон за борба против тероризмот, а паралелно со тоа ја укина вонредната состојба воведена по серијата терористички напади во 2015 и 2016 година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители