Макрон до „жолтите елеци“: Во право сте
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа им одговори на припадниците на движењето „жолти елеци“, кои покренаа петиција со барање за намалување на цените на горивата, порчаувајќи им дека „се во право“.
Петицијата, која е објавена на палтформата Change.org, досега ја потпишаа над еден милион Французи.
Во одговорот, објавен на истата платформа, Макрон им порачува на „жолтите елеци“ дека го чул нивниот глас, па затоа француската Влада и ја повлекла одлуката за зголемување на даноците на горивата.
Макрон истакнува и дека ќе продолжи „со дијалогот со граѓаните“, потенцирајќи при тоа дека се неопходни мерки и против климатските промени и еколошките проблеми.
Набрзо по одговорот на Макрон, француското Национално собрание минатата ноќ усвои закон предложен од него, чија цел е да се задоволат дел од барањата на „жолтите елеци“.
„Жолтите елеци“ се појавија минатиот месец како протестно движење поради најавените зголемувања на даноците на горивата, но набрзо доби на масовност и излезе со дополнителни барања. За време на протестите на „жолтите елеци“, кои на моменти беа и насилни, загинаа девет лица, а 2.891 беа повредени, од кои 1.098 полициајци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица