Македонија
18. May 2022 - 20:23

Макрон: Да се поттикнат Бугарија и Северна Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонскиот разговор на претседателот Емануел Макрон, кој последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.

Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.

-Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, стои во краткото соопштение.