Свет
20. October 2017 - 20:58

Макрон: Борбата со ИД не е завршена со падот на Рака

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека борбата против групата Исламска држава (ИД) не е завршена со протерување на џихадистите од Рака и оти Франција ќе продолжи со воените напори се додека е потребно.

- Борбата против Исламската држава не е завршена со падот на Рака, стои во пишана изјава на Макрон.

Според него, предизвиците за стабилноста и обновата нема да бидат помали од оние за време на воената кампања.

Францускиот претседател побара и враќање на раселените и бегалците, како и враќање на нормалните услови за живот.