Македонија
13. January 2020 - 16:42

Макрадули: Загадувањето на воздухот е намалено - нема потреба од интервентни мерки

Во новата година речиси секој ден метрополата е во топ 10 најзагадени градови во светот. Иако светските мерачи регистрираат енормно загадување, надлежните тврдат дека место за паника нема. Државните мерачи се веродостојни и тие не регистрирале загрижувачки просечни вредности тврди заменик-министерот за животна средина. Оваа сезона за разлика од минатите, просекот на концентрации на ПМ честички бил значително намален, па затоа немало потреба од интервентни мерки. Само со промена на системите за затоплување проблемот ќе се реши порача Макрадули.

Премиерот пред новогодишните празници најави дека субвенции за инвертори ќе има веќе од јануари. Парите се префрлени на општините но се уште не се поделени на граѓаните. Во тек се пријавувањата за субвенции. Општината Карпош со помош на грант го промени не еколошкиот систем на затоплување во градинката Пролет во скопско Влае.

Ниту дождот не помогна во расчистување на аерозагадувањето. Изминативе денови Скопје повторно беше на листата најзагадени градови во светот. Надлежните нов проект во рамки на планот за чист воздух наречен Јас не загадувам наменет за јавни објекти.