Македонија
5. July 2017 - 12:02

Макрадули оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

Макрадули и Тимоние, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, разговарале за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и за можните правци на нејзино продлабочување.

Заменик министерот Макрадули изразил надеж дека поддршката и добрата соработка што Македонија ја има воспоставено со Франција во постигнување на европските стандарди во животната средина ќе продолжи и во наредниот период.