-->
-->
Маќеата на Жика Тодоровиќ открила детали за изненадната смрт на синот на актерот
-->
Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана синоќа доживеале трагедија, откако нивниот тригодишен син Дејан изненадно починл во семејниот стан во белградската населба Врачар. Маќеата на актерот, Каролина Тодоровиќ раскажала за српските медиуми дека ништо не укажувало дека нешто такво ќе се случи.
-Како се случило не ми е јасно. Еден ден пред тоа беше на контрола, му беше подобро, но кашлаше, па беше под антибиотици. Тогаш му рекоа да остане дома додека не оздраве целосно. Немаше никакви проблеми, рекоа дека брзо заздравува и дека дури секретот се намалува, но нешто се случило во еден момент и тука бил крајот. Дошол дома, заспал и не се разбудил. Тоа е страшно, три ипол години имаше – вели Каролина Тодоровиќ, втората сопруга на покојниот татко на Срѓан.
Таа изјавила дека Срѓан и неговата сопруга биле целосно скршени.
-Страшно е, тој и Ана се во тешка состојба. Што можат, се држат како можат. Цела ноќ е правена обдукција. Цела ноќ минаа во болница, велат дека тоа никогаш не се случува, особено не на мали деца. Ние сме сите зачудени, единствено што можеме е да им пружиме љубов – вели Каролина Тодоровиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците