„Макфест“ годинава ќе се одржи во октомври
Фестивалот на забавна музика „Макфест“ наместо во јуни годинава ќе се одржи во октомври. Директорот на фестивалот „Макфест“, Љупчо Мирковски на денешната прес-конференција рече дека до пред неколку години обичај беше фестивалот да се одржува токму во октомври, а стариот датум се враќа на барање на штипјани.
Жири комисијата на фестивалот од денеска почнуваат со преслушување на композициите кои се пристигнати на конкурсот.
- Можам да кажам дека сме мошне задоволни од пристигната бројка на композиции. Пристигнати се некаде околу 140 песни, дел од нив се од домашни, а дел од странски автори. Тоа е благодарејќи на она што го правевме минатата година со странските изведувачи по што малку се прошири веста низ Европа дека овде има фестивал кој заслужува внимание, вели Мирковски.
Тој посочи дека се пристигнати песни од Киргистан, Белорусија, Шведска, Норвешка, Германија, Куба и од Шпанија.
Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 5, 6 и 7 октомври. Првите две вечери се полуфинални и на нив ќе настапат и домашните и странски изведувачи, а третата на 7 октомври е финална вечер. Мирковски најави дека ќе имаат новини во делот на гласањето, а наградите за најдобрите изведувачи и композиции остануваат исти, односно првата награда носи 10.000 евра, втората 7.500 евра, а третата 5.000 евра.
Фестивалот „Макфест“ и оваа година финансиски е поддржан од Министерствто за култура.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден