Loading Video...
Фудбал
18. јуни 2021 - 16:12

Македоските фудбалери се преселија во Амстердам

Македонските фудбалери од Букурешт се преселија во Амстердам каде во понедленик ќе го одиграат последниот натпревар на своето деби на Европското првенство. 
 
По поразот од Украина со 2:1, како и победата на Холандија над Австрија со 2:0 фудбалската репрезентавија на Макеоднија и теоретски ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата на Европскиот шампионат. 
 
Македонската експедиција сега е во Амстредам каде во понеделник ќе го одигра дуелот против Холандија. 
 
Попладнево на арената „Јохан Кројф“ фудбалерите кои не играа вчера против Украина, ќе одржат комплетен тренинг, додека останатите ќе бидат поштедени во обид да се рекуперираат.
 
Свесни дека шансите за прогрес се изгубени сепак во нашиот табор најавуваат дека против „лалињата“ ќе играат за уште еднаш да потврдат дека не случајно се дел од најдобрите селекциии на континеталниот собир
 
Последниот меч на ЕП, Македонија ќе го одигра во понеделник од 18 часот.