Македонското друштво "Илинден"-Тирана стана рамноправен член на Волонтеуропе
Македонското друштво “Илинден“ со седиште во Тирана станa рапновправен член на Волонтеуропе (Volonteurope) и всушност е прво друштво на Македонци надвор од матичната држава како и од Република Македонија што стана член на оваа организација.
- Волонтеуропе е основана на 21 мај 1981 година како меѓународна невладина организација, во согласност со холандското право. Организацијата е со седиште во Холандија, но нејзиниот Секретаријат е во Лондон, Велика Британија. Таа е меѓународна мрежа за промовирање на волонтерството, активно граѓанство и социјална правда во Европа и пошироко, вели Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинеден“.
Тој додава дека е големо задоволството од овој успех на македонското друштво, бидејќи Волонтеуропе работи на сите нивоа, од локално до меѓународно ниво.
Волонтеуропе има 50 членови од 20 земји од цела Европа.
Ново на Сител
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник