Македонија
29. September 2015 - 20:13

Македонското друштво "Илинден"-Тирана стана рамноправен член на Волонтеуропе

Македонското друштво “Илинден“ со седиште во Тирана станa рапновправен член на Волонтеуропе (Volonteurope) и всушност е прво друштво на Македонци надвор од матичната држава како и од Република Македонија што стана член на оваа организација.

- Волонтеуропе е основана на 21 мај 1981 година како меѓународна невладина организација, во согласност со холандското право. Организацијата е со седиште во Холандија, но нејзиниот  Секретаријат е во Лондон, Велика Британија. Таа е меѓународна мрежа за промовирање на волонтерството, активно граѓанство и социјална правда во Европа и пошироко, вели Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинеден“.

Тој додава дека е големо задоволството од овој успех на македонското друштво, бидејќи Волонтеуропе работи на сите нивоа, од локално до меѓународно ниво.

Волонтеуропе има 50 членови од 20 земји од цела Европа.