Македонско-унгарски бизнис-форум во Скопје
Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Унгарија и Унгарската трговска куќа во Македонија, денеска ќе организира Македонско-унгарски бизнис-форум.
- Македонските компании ќе имаат можност да остварат средби со претставници на реномирани унгарски компании кои се занимаваат со: биотехнологија, машинско инженерство и градежни технологии, земјоделски машини, котли за горење на биомаси и земјоделски отпад, мали хидроцентрали и производство на пумпи и турбини, опрема за одржување на патишта ,„интелигентно“ јавно улично осветлување, обновливи извори на енергија и управување со води, изградба и одржување на градски топлификациски системи, машини за производство во прехранбената индустрија и опрема за зачувување на озонот, соопшти Стопанската комора на Македонија.
На бизнис-форумот ќе присуствуваат Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Јозеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија, Ервин Сел, економски советник во Унгарската амбасада и Мате Курин, регионален директор при Унгарската национална трговска куќа од Будимпешта.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата