Македонско-турски бизнис форум, министерот Хасан во работна посета на Турција
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што учествува на 88-миот Меѓународен саем во Измир.
На саемот, соопшти денеска Кабинетот на министерот Хасан, учествуваат високи делегации од цел свет кои имаат можност да ги зајакнат трговските врски, а исто така да придонесат и за развој на културните односи.
На деловните денови се одржуваат состаноци и се потпишуваат билатерални договори меѓу делегациите, со што се создаваат силни трговски врски.
На деловните денови во Измир учествуваат 190 делегации, 14 министри од различни држави и регионални стопански и индустриски комори во покровителство на Министерството за трговија на Република Турција.
Министерот Хасан поканил потенцијални инвеститори и пред министри, бизнисмени и учесници на саемот ги презентирал подобрените услови за инвестирање на кои владата постојано работи со цел нашата земја да биде привлечна за странските инвеститори. Посебно ги истакнал ТИРЗ зоните, кои се примамливи за инвестирање.
Во рамки на престојот во Турција, министерот Хасан имал средби во Стопанската комора на Измир, Сојузот на извозници од егејскиот регион, Индустриската комора на егејскиот регион, како и со гувернерот на Измир, Ерол Ајилдиз и министерката за трговија, Рухсар Пекџан.
На средбите се разговарало за актуелните политички случувања, добрите односи помеѓу двете земји кои се негуваат со блиска соработка и поддршка и за евроатлантските интеграциски процеси, кои за нас се исклучително важни и за кои ја имаме апсолутната поддршка на Турција.
На средбата со министерката за трговија, Рухсар Пекџан, стои во соопштението, било констатирано дека е погоден момент да се прошири трговската размена и да се продлабочи соработката помеѓу двете земји, со кое се дефинирал датумот за организирање на македонско-турски бизнис форум, што се планира да се одржи во средината на октомври во Истанбул.
Во текот на работната посета министерот Хасан е придружуван од генералниот конзул на Република Северна Македонија со седиште во Истанбул, Актан Аго.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка