Македонија
21. July 2016 - 16:58

Македонско село привлечно за посетителите

За само еден месец над 20 илјади луѓе  го посетиле коплесот Македонско село.  Големиот  интерес од страна на граѓаните на едно место да ги видат и да се  запознаат традициите и обичаите од сите караишта на земјата го продолжи работното време на новата туристичка атракција. Наместо до 18 часот комплексот ќе биде отворен  до 22 часот. Ќе има и 10 нови вработувања.

-Ќе бидат ангажирани нови туристички водичи но и кустоси, изјави Елизабета Камчевска Милевска, министерка за култура.

Етнолошката музејска поставка сместена во една од куќите  ќе се менува на секој 6 месеци. Во еден од рестораните ќе има уникатни македонски јадења.

-Такви јадења не се служат во ниту еден ресторан, изјави Павле Камиловски директор на комплексот Македонско село.

Компексот е распространет на  15 илјади метри квадратни.  Има  12  куќи  кои  е пресликата културната од исто толку  краеви на Македонија.