Македонија
31. October 2018 - 16:15

Македонско - грчки комитет ќе ги прекројува учебниците за основно и средно образование

Во петок во Солун треба да се одржи првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција. Македонскиот тим  го предводи амбасадорот Виктор Габер. Тој за Сител вели дека во фокусот на работата на експерите ќе биде менувањето на учебниците на двете страни кои содржат каков било иредентизам

Се работи за обемна работа, ревизија на учебници од основното и средното образование каде ќе се утврди дека има  спорни и болни разлики во интерпретиерање на минатото, појаснува Габер. Што се однесува до именувањето на називите на наслениете места, ќе се следат мегународните конвенции, вели Габер.

Спгласно догворот од Преспа, тимовите  ќе се среќаваат најмалу двапати годишно. Двата тима  се составени од по седум членови, од областа на лингвистиката, филозофијата, осторијата и мегуетничлките односи.  Во грчкиот тим се присутни и  класични историчари.  Работата на комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на двете земји, а извештај за сработеното ќе го   поднесува на  Советот за соработка, тело чие формирање е исто така обврска согласно  Договорот од Преспа , а со кое ќе раководат премиерите на двете земји.

Овој Македонско – грчки комитет  ќе ги користи и искуствта на македонско-бугарски комитет,  кој наскоро треба да ја има третата средба.