„Македонско - граѓани на Република Северна Македонија“, ќе биде државјанството согласно Договорот
„Македонско - граѓани на Република Северна Македонија“, вака ќе биде напишано државјанството во личните документи согласно Договорот со Грција, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашање од пратеникот Фадил Зендели од „Беса“.
Заев истакна дека вака ќе стои државјанството, ако, секако, се промени Уставот, односно ако тоа го дозволат граѓаните на референдум.
- Тоа е направено зашто Македонија е мултиетничка земја во која, покрај доминантното македонско население се и албанското, труското, српското, влашкото, бошњачкото, ромското,... и другите помали етнички заедници, нагласи Заев.
Долг период, напомена, во делот државјанство во личните документи како пасошот, стоеше само Република Македонија, а последните неколку години стои „македонско“ државјанство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација