Бизнис
10. February 2017 - 20:06

Македонските транспортери бараат меѓународна поддршка за деблокирање на граничните премини

Македонските транспортери бараат меѓународна подршка за деблокада на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Домашното стопанство и превозници  трпат големи загуби, затоа е потребно  што е можно побргу отворање на преминот Евзони.

- Со блокадите на грчко-македонските гранични премини и на патниот сообраќај меѓу двете земји веќе 10 дена се нанесуваат огромни  штети на патните транспортери од Македонија и од регионот и на компаниите корисници на нивните услуги. Тоа  е огромен удар за економиите во регионот и за меѓународната трговијата и транспорт. Компаниите трпат  загуби од доцнењето на испораката на стоки, извозот и увозот на суровини. Бизнис заедницата бара алтернативи решенија  кои се поскапи и ќе носат нови загуби. 

Затоа, апелираме да се почитува ТИР Конвенцијата  и другите меѓународни договори за транзит и слободно движење на стоките. Во случај на опструкција на меѓународен коридор ( коридорот 10 од Атина до Салцбург)  меѓународна обврска е да се обезбеди премостување на протокот на стоки.

И градоначалникот на Гевгелија Франгов побара од амбасадорите на ЕУ и Грција отварање на преминот Евзони.

- Симптоматично е што блокадата е поставена само на границата кон  Македонија, а не и кон другите соседни земји на Грција. Затоа согласмо вашите можности  да помогнете за деблокад Евзони, а со тоа и на границата меѓу двете земји. Општина Гевгелија и нејзините граѓани во изминатиот период, соочени со економски проблеми од најразлични видови, па, дури и при најголемата бегалска криза никогаш не дозволуваа блокирање на преминот Богородица, а со тоа и на македонско-грчката граница, се вели во дописот на гадоначалникот Франгов.

Вчера грчката полиција успела да спречи грчките земјоделци да го блокираат преминот  од Грција кон Бугарија.

Евзони останува затворен, а Дојрани денеска беше два часа блокиран. Но грчките земјоделци  не ја исклучувата можноста  тој да биде затворен  на подолго време. Тоа ќе зависело од одлуката на генералното собрание. Без проблем функционира Меџитлија. Од  македонски железници стравуваат дека како лани  можат повтроно  да се соочат со блокада на пругата кај преминот Идомени  со што целосно би се закочила работата и на претпријатието и на стопанството.  

Пред неколку дена македонската влада го овозможи транзитот на нафта и нафтени деривати и на прмеините Меџитлија и Дојран. Но тие се помали премини каде траснпортот се одвива многу бавно.

Незадоволни од одлуката на грчката влада за зголемување на даноците цената на социјалните придонес и на горивата грчките земјоделци веќе 11 дена се на блокади.