-->
-->
Македонските тенисери го завршија настапот на фјучрсот во Скопје во сингл
-->
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак го завршија настапот на третиот фјучрс во Скопје. Двајцата ги загубија денешните мечеви од 2.коло од двајцата први носители.
Јотовски загуби од првиот носител Британецот Ричард Габ со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4) за 1 час и 47 минути игра. Во двата сета Јотовски подобро почнуваше и имаше водство од 2:0, но ривалот брзо успеваше да дојде до предност.
Србљак за ривал го имаше вториот носител Клаудио Фортуна од Италија со 2-0 (6:4 и 6:2) за 1 час и 52 минути. Лошиот почеток во првиот сет и водството на ривалот од 4:0 беше преголема пречка Србљак да се избори за позитивен резултат.
Двајцата македонски тенисери за пласамнот во 2.коло ќе освојат по еден бод.
Попладнево Јотовски со Русевски ќе треба да го доиграат мечот од 1/4 финалето во двојки против Љубомир Челебиќ и Дарко Јандриќ. Македонската двојка води со 1-0 во сетови (6:4) и во вториот сет резултатот е 1:1 во гемови.
Победникот од овој меч потоа ќе го игра и полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари