Loading Video...
Спорт плус
29. May 2019 - 16:44

Македонските спортски федерации ги добија финансиските ваучери од државата

 
Денеска во Агенцијата за млади и спорт беа поделени првите ваучери од програмата за дополнително финансирање на спортот во државата
 
Шест (6) милиони евра, од стопанството преку државата од денеска и официјално влегуваат во касите на спортските федерации во нашата земја. 
 
Мерката која беше најавена одамна, конечно профункционира со што македонскиот спорт директно ќе добие дополнителна финансиска „инјекција“ . 
 
Но, оваа сума е предвидено да расте, а веќе се прават подготовки таа во наредниот период да изнесува 10 милиони евра, најави Даниел Димевски советникот за спорт на Премиерот. 
 
Од приложеното , Ракометната федерација ја доби најголемата вредност од над 15.миниони денари или околу 250.000 евра, а педесет илјади евра помалку (200.000) доби Кошаркарската федерација, итн, итн ...