Loading Video...
Спорт плус
21. јуни 2022 - 19:58

Македонските спортисти посакуваат жетва на медали на МИ во Алжир

Македонската спортска експедиција вечерва пред полноќ патува за алжирскиот град Оран каде ќе учествува на Медитеранските игри. Нашата земја ќе ја претстават спортисти во 10 спорта а спортскиот директор на МОК каде се одржа прес конференција пред заминувањето, Владимир Богоевски најави подобри резултати од претходните игри во Тарагона: 
– Олимписките игри се на прво место, но Медитеранските игри се вид на натпреварувања на кои голем број наши спортисти имаат шанса да ги измерат силите со други натпреварувачи од големи држави. Во нормални услови тие би немале таква можност и затоа Медитеранските игри за нас во Македонија се многу важни, – изјави Владимир Богоевски кој откри дека македонската делегација ќе брои 114 лица, од кои 77 ќе бидат натпреварувачи.
 
Македонските учесници ќе се натпреваруваат во 10 спортови (ракомет, одбојка, такевондо, џудо, карате, борење, пливање, атлетика, мечување и стрелаштво), а со најголеми амбиции патува сребрениот од Олимписките игри, таеквондистот Дејан Георгиевски.