Спорт плус
9. August 2016 - 9:35

Македонските спортисти и спортски организации масовно во акција за помош на настраданите од невремето во Скопје

Македонските спортисти, кошаркари, фудбалери, ракометари, автомобилисти се приклучија со донации за настраданите во поплавите во Македонија што однесоа и жртви. 
 
Откако први се огласија фудбалерите кои средствата од повикот за квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донирани на погодените од катастрофалната поплава, нив ги следеа и останатите. 
 
Кошаркарската селекција на Македонија која се подготвува за квалификациите за ЕП, веќе порачаа: „Ние дониравме, приклучете се и Вие“.
 
Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови, кои ги поканија сите свои членови, но и воопшто граѓаните на Реапублика Македонија, да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.
 
За таа цел, денеска тие ќе организираат и собирање на помошта е пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часотм каде членовите од авто-клуовите очекуваат масовна поддршка поразчувајќи: ,,Се гледаме таму, а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400“.