Македонија
27. November 2019 - 18:01

Македонските спасувачи со тешка задача во Драч: Се трага по преживеани

Најмалку 29 лица го загубија животот во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија. Бројот на загинати постојано расте, но не запира ниту потрагата по преживеани под урнатите во Драч.

Скопската противпожана бригада ноќта ја минаа на повеќе кризни локации. Мајка со три мали дечиња и нивниот неподвижен дедо се уште се под урнатините на куќата  која се води како најкритична точка во Драч. Извесно време се слушале повици за помош но теренот е непристапен и тежок се сомневаат дека ќе ги извлечат живи.

Тлото во Албанија се уште не мирува. Утрово нов земјотрес од 3.5 степени според Рихтер почувствувале и македонските пожарникари.

Дел од македонските спасувачки тимови е и конвојот од ДЗС со 42 спасувачи. Во текот на ноќта извлекле две безживотни тела од срушена зграда во Драч.

По трагедијата која го потресе целиот регион, UTEHA се снимките од спасените животи. Неколку месечно бебе беше успешно извлечено со хеликоптер од разурната сграда.

Првична помош од 3 милиони денари ќе додели градот Скопје на настраданите во катастрофалниот земјотре. На вчерашната седница и Владата издвои 6 милиони денари  финансиска поддршка за санирање на последиците.

На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.