Спорт плус
18. February 2017 - 17:54

Македонските скијачи без пласман на слалом трките

Македонските скијачи денеска се појавија на стартот на натпреварите на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Сент Морц. Лидија Симјановска на слаломската трка остана без пласман откако не го заврши натпреварувањето со уште други 18 натпреварувачки.
На машкиот квалификациски слалом се појавија четири претставници од Македонија и нуту еден не оствари пласман. Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари и Воислав Синадиновски беа во групата од 49 скијачи, кои остнаа без пласман.  
Во тек се вторите трки во двете конкуренции, а до крајот на шампионатот утре ќе се вози машкиот слалом.