Loading Video...
Ракомет
19. March 2019 - 16:46

Македонските ракометарки се подготвуваат дво-мечот со Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија, вчера ги започна мини подготовките за двата пријателски натпревари против Црна Гора кои ќе се играат во Скопје, а во рамките на ЕХФ неделата. 
 
Селекторот Симе Симовски, овие натпревари ќе ги искористи да ја провери моменталната подготвеност на ракометарките, но подготовка за претстојните бараж мундијалски дуели против Словенија. 
 
Контролните натпревари против Црногорките нашите ракометарки ќе ги играат во спортската сала „Автокоманда”, првиот во петок од 17, а вториот во сабота од 12 часот. 
 
Натпреварите се од отворен карактер, а влезот во салата е слободен.