Loading Video...
Ракомет
2. December 2018 - 15:52

Македонските ракометарки против Турција за потврда на баражот за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија е на чекор до пласман во  баражот за Светското првенство 2019 во Јапонија. 
 
Нашите ракометарки кои во забележаа убедливи победи над Азербејџан и Исланд се први во квалификациската група 4 чии натпревари се играат во салата Борис Трајковски во Скопје.
 
По вчерашниот убедлив триумф на Турција над Азербејџан, вечерва на нашите ракометарки доволен им е и нерешен резултат во дуелот со Турчинките за да го потврдат првото место во групата, а со тоа и своето место во баражот за мундијалот.
 
Дуелот меѓу Македонија и Турција ќе се игра во терминот од 20 часот, а претходно од18 часот ќе играат Исланд и Азербејџан.