Loading Video...
Ракомет
21. April 2021 - 19:02

Македонските ракометарки повторни поразени од Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија, со втор пораз од Романија го заврши баражот за Светското првенство
 
По убедливиот пораз на првата средба на гости кога Романките славеа со 11 голови разлика (33-22), денеска нашите ракометарки се совладани и во реванш дуелот со 35-20
 
Гостинките целата работа ја завршија уште во првиот дел кој го добиоја со 8 голови предност (18-10)
 
Покрај Романките, како и домаќинот Шпанија учество на СП покрај обезбедија уште актуелниот шампион Холандија, како и најдобрите четири селекции од последото ЕПверопско првенство: Хрватска, Данска, Норвешка и Франција. 
 
Од вчера ним им се приклучија: Унгарија, Црна Гора, Германија, Австрија, Русија и Чешка. 
 
Последните три патници на женскиот ракометен Мундијал ќе ги дознаеме вечерва, но повеќе од јасно е дека тоа ќе бидат селекциите на Србија, Шведска и Словенија кои остварија убедливи победи на првите бараж дуели.