Loading Video...
Ракомет
23. March 2019 - 14:45

Македонските ракометарки ја победија Црна Гора

 
 
Женската ракометна репрезентација на Македонија, славеше победа над Црна Гора во вториот пријателски меч кој се одигра попладнево, а е во рамките од рамки од ЕХФ неделата.
 
Откако вчера избраничките на селекторот Симе Симовски загубија со еден гол разлика (21-22), денеска во вториот меч беа далеку подобри па на крајот заслужено се радуваа на победа со 21-17 (полувреме 9-9). 
 
Најефикасна во редовите на репрезентацијата на Македонија беше Ивана Гакидова со 6 погодоци, додека Марија Штериова постигна пет гола, колку што имаше и Јелена Деспотовиќ за репрезентацијата на Црна Гора.
 
Овие натпревари беа добра контрола за она што и претстои на нашата женска селекција, а тоа се бараж дуелите против Словенија, за пласман на Мундијалот во Јапонија.
 
Покрај сениорките контролни дуели одиграа и младинските репрезентации на Македонија и Црна Гора, а овојпат поуспешна беше нашата селекција која победи со 27:25.