Loading Video...
Ракомет
8. July 2020 - 15:40

Македонските ракометарки ги добија противничките во квалификациите за СП 2021

Женската ракометнана репрезентација на Македонија ги дозна своите противнички во квалификациите за Светското првенство кое на програмата треба да биде следната година. 
 
На место на СП во Шпанија 2021 година, на кое за прв пат ќе настапат 32 репрезентации, нашите ракометарки ќе мора да минат низ два квалификациски филтри. 
 
Во првиот круг од квалификациите, македонската репрезентација ќе настапува во втората група, во која за противнички ќе ги има ракометарките од Исланд, Литванија и Грција.    
 
Поради пандемијата на Корона вирусот, наместо како досега да се играат по два натпревари (дома-гости) овојпат сите натпревари ќе се одиграат турнирски и тоа во периодот од 27 до 29 ноември или на почетокот на декември месец од 4-ти до 6-ти.  
 
Според ждрепката, право да го организира турнирот први добија Грците, а доколку тие се откажат нашата ракометна федерација ќе има можност да биде домаќин на турнирот. Доколку и ние не прифатиме тогаш право за организација редоследно ќе добијат Исланд, па на крајот Литванија. 
 
Инаку, пласман во следната квалификациска фаза, односно баражот, ќе обезбедат двете првопласирани екипи..