Ракомет
3. January 2020 - 16:24

Македонските ракометари вечерва „тестираат“ против Словенците

Македонската ракометна репрезентација која е во Словенија каде вечерва од 19 часот ќе одигра контролен меч против домашната селекција. 
 
Средбата против Словенците е претпоследен тест за македонските ракометари кои се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат. 
 
Селекторот Данило Брестовац, кој на располагање има вкупно 20-мина ракометари за прв пат во овие подготовки може да смета и на поискусните, носителите на играта. 
 
Дуелот против Словенија како и оној против Црна Гора кој ќе се игра задутре (5 јануари) ќе послужат за темпирање на формата за шестиот настап на Македонија на Европските првенства. 
 
По нив, Брестовац ќе треба да реши кои ракометари ќе добијат шанса за настап на шампионатот кој црвено_жолтите ќе го започнат на 10 јануари со дуелот против Украина.
 
Во рамките на виенската „Б“ група, Македонија за противници ќе ги има и Чешка на 12-ти, односно ко-домаќинот Австрија на 14 јануари.