Македонските ракометари пристигнаа во Клуж за реваншот со Романија | Сител Телевизија
Loading Video...
Ракомет
12. јуни 2018 - 15:36

Македонските ракометари пристигнаа во Клуж за реваншот со Романија

Македонската ракометна репрезентација е во Клуж каде утре ќе го одигра реванш натпреварот против Романија во последниот филтер за пласман на Мундијалот 2019 година. 
 
По победата со 8 голови разлика (32-24), црвено-жолтите се на чекор до ново учество на Светските првенства. 
 
Сепак, потврдата треба да дојде по возвратните 60.минути во Клуж, во кои избраниците на селекторот Раул Гонзалез, ќе се обидат да остварат уште еден триумф и на уверлив начин да го заверат пласманот на Мундијалот кој на почетокот на следната година ќе се одржува во Германија и во Данска.
 
Во Клуж, покрај шеснаесетмината кои играа на првата средба во Скопје, отпатува и голманот Златко Даскалоски кој ќе биде во конкуренција за место во тимот. 
 
Вечерва нашите ракометари ќе го одработат и единствениот тренинг салата „Демијан“, каде утре од 17 часот и 30 минути ќе се игра возвратниот меч против Романија.